ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права

Скопје, 16 Март 2016

Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 42-1963/1 од 23.02.2016, а во врска со член 22 од Европската конвенција за човекови права, Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, oбјавува

 ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права

 Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе врши избор на тројца кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права.

Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:

-          Мора да уживаат висок морален углед;

-          Мора да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);

-          Мора да бидат помлади од 65 години;

-          Moра да имаат искуство во областа на човековите права;

-          Мора активно да го владеат едниот, а пасивно другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски);

Со цел докажување на горенаведените услови, кандидатите се должни да ги достават следните документи:

  • Соодветно пополнет curriculum vitae чиј образец е објавен на веб-страните на Министерство за надворешни работи: www.mfa.gov.mk, Министерство за правда: www.pravda.gov.mk, Врховниот суд на Република Македонија: www.vsrm.mk, Уставниот суд на Република Македонија: www.ustavensud.mk, Јавното обвинителство на Република Македонија: www.jorm.org.mk и Судскиот совет на Република Македонија: www.ssrm.mk (кандидатите се должни да го пополнат образецот на македонски јазик и на еден од двата странски јазици-англиски  или француски);
  • Мотивационо писмо на македонски јазик и на еден од двата странски јазици (англиски или француски);
  • Референци од соодветни здруженија, комори и други стручнии академски тела од соодветната струка на која професионално припаѓаат (во зависност дали се работи за кандидат со искуство како судија, јавен обвинител, адвокат, професор и сл.), а со што ќе се утврдува исполнетоста на условот „висок морален углед“;

Напомена: Тројцата кандидати кои што ќе бидат селектирани од страна на Комисијата се должни, доколку не поседуваат, да обезбедат меѓународно признати сертификати за познавање на странските јазици (англиски и француски), најдоцна до 15 август 2016 година (минимум ниво C1 за јазикот кој активно го владеат и минимум ниво A1/A2 за јазикот кој пасивно го владеат).

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати: 15 дена од денот на објавувањето на овој Oглас во Службен весник на РМ.

Заинтересираните кандидати се должни да ги испратат потребните документи по пошта на следнава адреса: МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, Булевар “Филип Втори Македонски“ бр. 7, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за избор кандидати за судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права“), или електронски, на следнава електронска адреса: konkurs.ECHR@mfa.gov.mk

По истекот на рокот за пријавување на заинтересираните кандидати, Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе изврши првична селекција. Само кандидатите кои што ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на интервју.

 

 

 

192 total views, no views today