Осомничениот за смртта на жената кај детска клиника се гони за Убиство на бремена жена

Скопје, 10 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство, со квалификаторен облик на убиство на бремена жена.

Надлежниот обвинител ги презеде сите почетни мерки за прибирање на докази и релевантни факти во насока на расветлување на случајот. При тоа, сослушано е едно лице и дадена е наредба за вршење на обдукција.

 Досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина. Убиството осомничениот го извршил на тарасата на кровот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта.

 Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот .

 

114 total views, 1 views today