Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Жалба на Решението за условниот отпуст на Вранишковски

Скопје, 19 Јануари 2015

На 12 јануари 2015 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го прими Решението на Основниот суд Скопје со кое судот одлучи да го уважи предлогот на Директорот  на КПУ Идризово за условен отпуст на осудениот Вранишковски.

Таквото решение беше предмет на  целосна анализа на околностите и оцена во надлежното обвинителство и при тоа се утврди дека истотото е законито. Со ваквата своја оцена ја запозна и македонската јавност, но истовремено не се откажа од правото на Жалба.

Обвинителството смета дека треба да се преиспитаат околностите за условен отпуст на осуденото лице, како и дали ќе се постигнат целите на условниот отпуст . Истовремено обвинителството ги ценеше околностите кон овој кривично правен предмет и вообичаената досегашна пракса за должината на отпустот.

Воедно смета дека се променети околностите кои укажуваат дека осудениот може во иднина да врши кривични дела и со тоа нема да ја оправда довербата која му е дадена со условниот отпуст, па затоа во законскиот рок се поднесе жалба против решението на судот, а која жалба ќе се цени во повисокиот суд.

260 total views, 1 views today