Соопштенија

Истрага за обид за убиство во Желино

Основното јавно обвинителство – Тетово до Основниот суд во Тетово поднесе барање за спроведување истрага против едно лице, под сомнение дека сторило кривично дело – Убиство (во обид).

Пријавениот се сомничи дека пред кафетерија во с. Желино на 02.02.2015 година со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а ги довел во опасност животите на уште две лица кои во тоа време излегувале од кафетеријата.

Тој пукал од огнено оружје – пиштол, марка Бровинг со калибар 7,65 мм, кој што го поседувал со дозвола од СВР-Тетово. Притоа, не успеал да го погоди лицето кое имал намера да го лиши од живот, но повредил две други лица, нанесувајќи им прострелни рани во нозете.

Постапувајќи по барањето на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд – Тетово на осомничениот му определи мрка притвор во траење од 30 дена.