Соопштенија

Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено продолжено кривично дело – Проневера во службата.  По пријава од Финансиската полиција, надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените.

Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид  за 7.565.302 денари.

Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судија на предходна постапка од Основниот суд Охрид поднесе и предлог за определување на мерката Притвор за двајца од осомничените, а за еден од осомничените мерка куќен притвор.