Основното јавно обвинителство – Скопје побара мерка – Притвор за четворица учесници во вчерашните протести

Скопје, 06 Мај 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје денес прими кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи против четири лица, за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, сторени во текот на вчерашните протести пред Владата на Република Македонија.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а со цел да се обезбеди непречено одвивање на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Предлог за определување мерка Притвор против сите четири осомничени лица, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.

102 total views, 2 views today