Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се спогоди со двајца обвинети од акцијата „Чекан”

Скопје, 08 Мај 2015

Надлежен јавен обвинител, денес склучи Спогодба со двајца обвинети во акцијата „Чекан”. На обвинетите кои до сега не се осудувани, им е определена казна – Затвор во траење од 2 години и 7 месеци, односно 2 години и 6 месеци за сторени две кривични дела – Злосторничко здружување од чл. 394 ст.2 и продолжено кривично дело – Изнуда од чл. 258 ст. 2 вв ст.1 вв чл.45 од Кривичниот законик. Во исто време, на сега осудените лица им е определена глоба од по 3100 евра за сторено кривично дело – Лихварство од чл.260 ст.2 вв. ст1 од Кривичниот законик.

Криминалната група во која биле и обвинетите, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Осудените неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.

Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги прифати Спогодбите и донесе соодветни Пресуди.​

91 total views, 3 views today