Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на членовите на терористичката група и со увидот на местото на настанот

Скопје, 11 Мај 2015

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор.

Осомничените се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл. 313 и „Здружување заради непријателска дејност” од чл. 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за кривично дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” од чл.396 ст.2 вв ст1.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде Наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.​

285 total views, 1 views today