Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за осомничениот за убиството во скопската населба Пржино

Скопје, 11 Мај 2015

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид во домот на починатото лице кое завчера беше пронајдено во населбата Пржино.

По увидот, јавниот обвинител  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка, а до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по семејно насилство.

Јавниот обвинител продолжува да ги презема сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактите за целосно расветлување на случајот.

155 total views, 1 views today