Основното јавно обвинителство Струга го истражува убиството на заменик директорот на Управата за јавни приходи

Скопје, 27 Јули 2015

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга ги презеде потребните дејствија со цел расветлување на вооружениот напад кој се случи во Струга, по кој животот го загуби едно лице.

Издадени се наредби за вештачење на оружјето, трагите од лице место, за вршење обдукција над починатиот, со цел прибирање на докази и факти за расветлување на убиството.

Осомничен за нападот е дваесет и три годишен стружанец, на кој по предлог на надлежниот обвинител му е определена мерка Притвор од страна на судија на предходна постапка при Основниот суд Струга.

 

503 total views, 1 views today