Соопштенија

Основното јавно обвинителство Гостивар ја расветлува причината за смртта на детето од Гостивар

Од страна на ПС Гостивар извесетен е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар дека во Ургентното одделение во Гостивар вчера, околу 15 часот е донесено малолетно лице без знаци на живот, родено 2005 година, со место на живеење во населба Фазанерија. По укажаната медицинска помош истото е префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и крим.техника, по што надлежниот обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција на починатото дете.