Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за запуштање и малтретирање на дете

Скопје, 09 Септември 2015

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка  против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.

Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години. При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.

399 total views, 2 views today