Основното јавно обвинителство Скопје даде позитивно мислење за повторување на постапката, по барање на обвинетиот Хаџиски

Скопје, 25 Септември 2015

Барањето за повторување на постапката обвинетиот го има доставено во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде на ден 21.09.2015 е доставено  Барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

Обвинителот кој постапува во предметот,  на 22. 09. 2015 година достави позитивно мислење по барањето, односно се согласи со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.

Воедно, сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе се даде во бегство, обвинителството предложи до судот определување на мерката притвор. Од страна на судот предлогот беше прифатен, па со Решение е определен притвор на обвинетиот во времетраење од 30 дена.

172 total views, 2 views today