Соопштенија

Основното јавно обвинителство Гостивар го истражува убиството во с. Врапчиште

Настанот се случил на 19.10.2015 година во вечерните часови кога осомничениот роден 1966 год од с.Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи и удар со секира во вратот ја убил својата сопруга родена 1971 година. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа во с.Врапчиште. Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, од која заедница имаат две полнолетни деца.

По стореното, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и крим.техника. Јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.