Основното јавно обвинителство – Битола гони шеесетгодишен маж за полов напад врз три деца кои не наполниле 14 години

Скопје, 22 Октомври 2015

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, шеесетгодишен битолчанец, кој сторил три продолжени кривични дела -Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл. 188 ст.1 в.в. чл.45 од КЗ.

Осомничениот во временскиот период од  5 до 10 овој месец, извршил полови дејствија врз три деца кои не наполниле 14 години на начин што за паричен надоместок ги терал на блудни дејствија.

Надлежниот јавен обвинител кој ценеше дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор на осомничениот , кој предлог беше прифатен и со Решение е определена мерка Притвор против осомничениот во трање со 30 дена.

159 total views, 1 views today