Основното јавно обвинителство – Тетово ќе ги истражува случувањата во тетовски Дреновец

Скопје, 02 Ноември 2015

По добиената кривична пријава за вооружената престрелка во тетовската населба Дреновец, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица.

Во кривично правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи кои со пиштоли и ножеви се обиделе да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Осомничени се четири македонски државјани Љ.И, К.В., М.М. и Р.О кои се товарат дека сториле самостојни кривични дела – Убиство од член 123 ст.1 вв член 19 од Кривичниот законик, во исто време двајца од осомничените К.В и М.М се товарат и за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите од член 165 ст.1, т.1,2 и 3 од Законот за кривична постапка, до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за сите осомничени лица. Во моментот Љ.И. е на лекување во Клиничката болница во Скопје, а М.М е недостапен на органите на прогонот.

213 total views, 1 views today