Основното јавно обвинителство – Струмица работи на расветлување на случајот со пронајденото тело во Радовиш

Скопје, 06 Ноември 2015

По претходна пријава од дежурната служба на СВР Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотно тело на 26 годишен маж.

По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија утврдил дека се работи за насилна смрт. Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази и по Наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција со што ќе бидат утврдени причините за смртта.

Починатото лице било пронајдено во текот на вчерашниот ден во куќа во Радовиш, од страна на сопственикот на куќата. ​

212 total views, 1 views today