Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против обвинетите во случајот со артефактите во Музејот на Македонија

Основното јавно обвинителство – Скопје на 27 Мај 2014 година поднесе Обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје против лицата обвинети во случајот со Музејот на Македонија.

По сеопфатна истрага, а врз основа на прибраните докази во предметот, Основното јавно обвинителство – Скопје со обвинение поведе постапка пред судот против лицата З.В. за кривичното дело „Отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“ од чл. 266-а в.в со чл. 24 од Кривичниот законик; С.К.С. за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353-в ст.4 в.в со ст. 3 и 1 од Кривичниот законик; П.Ј. за „Отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“ од чл. 266-а од Кривичниот законик и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.3 со ст.1 од Кривичниот законик; Ч.К. за „Отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“ од чл. 266-а и чл. 23 и кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст,3 в.в ст.1 од Кривичниот законик; Ј.К. за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.3 со ст.1 од Кривичниот законик; Д.К. за „ Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.3 со ст.1 од Кривичниот законик и лицето А.Е. обвинет за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.3 со ст.1 од Кривичниот законик.

Поради постоење на причини предвидени во чл.165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе и Предлог за продолжување на мерката Притвор за сите обвинети. Належниот суд донесе Решение за продолжување на притворот за уште 30 дена.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА