Основното jавно oбвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за случајот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово

Скопје, 16 Јуни 2014

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 ст.1 вв со член 288 ст. 3 вв со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Осомничениот се товари дека на ден 13 јуни 2014 година, во дежурната просторија на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово, со општоопасно дејствие предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето, при што било повредено лицето Ж.Ј.
Надлежниот јавен обвинител поднесе и Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот до судијата на предходна постапка од Основниот суд – Тетово. Судијата на предходна постапка при Основниот суд – Тетово, со Решение определил мерка притвор во траење од 15 дена, а согласно на член 165 став 1 точка 1 и 2 од Законот за кривична постапка.

Повреденото лице на 15 јуни 2014 година им подлегна на повредите, по што Основното jавно обвинителство – Тетово издаде наредба до Институтот за судска медицина во Скопје да се изврши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

348 total views, 1 views today