Основното јавно обвинителство – Битола нареди истрага за убиството во село Маково

Скопје, 22 Февруари 2016

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во с. Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото село, на начин што со овчарски стап го удрил неколку пати во пределот на главата. Од ударот оштетениот се здобил со повеќе повреди на главата, па по два-три часа починал на Одделението за хирургија при Клиничката Болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

Надлежниот обвинител до  Судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола поднесе барање и за определување на мерка притвор за осомничениот.

372 total views, 1 views today