Поведена постапка за кривично дело Полов напад врз дете во Прилеп

Скопје, 28 Април 2016

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело Полов напад врз дете од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на месец aприл 2016 година, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.

306 total views, 1 views today