Неодамна пронајдениот череп кај Стража е идентификуван, Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со преземање на дејствија за расветлување на настанот

Скопје, 12 Мај 2016

Резултатите од направената анализа на неодамна пронајдениот череп со DNA view програмата покажаа дека се работи за лице од машки пол на возраст од 30-40 години. Не се пронајдени траги на насилство. Врз основа на компаративна анализа на земените ДНК профили на други лица, добиен е резултат што со веројатност од 99,9% укажува дека пронајдениот череп припаѓа на лицето Насер Селмани од Гостивар – возач на ректорот на Државниот универзитет во Тетово.

На 13 минатиот месец од десната страна на магистралниот пат Гостивар – Стража на околу половина километар од Стража, од страна на случаен минувач, беше пронајден човечки череп без долна вилица. Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде Наредба за вештачење на пронајдениот череп, со цел да се утврди возраста, полот, времето на смртта, ДНК профилот, евентуални биолошки и папиларни линии, како и можни механички повреди или други оштетувања. Во исто време, беше издадена и Наредба за вештачење на биолошки материјал од потесното семејство на исчезнато лице, односно од сопругата и трите малолетни деца на возачот, со цел да се утврди дали пронајдениот череп му припаѓа на лицето што се води како исчезнато од 14.10.2011 година.

Имено, пред пет години на еден километар пред Стража од десната страна, по пријавата за исчезнување на Насер Селмани од Гостивар, од страна на полицијата беше пронајдено службеното возило, но не и исчезнатиот гостиварец.

Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со преземање на дејствија за расветлување на настанот.

358 total views, 1 views today