Основното јавно обвинителство Гевгелија го истражува нападот извршен врз жена во црква

Скопје, 14 Јули 2016

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.30 часот, жена на возраст од 64 години,  која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот  започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и ги презеде потребните дејствија за прибирање на траги и материјали со цел расветлување на настанот. Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело.