Обвинителството веќе неколку дена работи во предмет за употребата на оружјето на свадбената веселба

Скопје, 22 Јули 2016

По написите во повеќе медиуми во кои се пишува за свадбената веселба на која е употребено оружје, како и за други настани на кои истото оружје е користено и каде има индиции и за евентуално сторени кривични дела, а во насока на информирање на јавноста, јавното обвинителство потенцира дека за овие настани веќе има отворено предмет пред неколку дена.

Во насока на расветлување на настаните и утврдување на поседувањето, употребата на оружјето, како и можно вршење на други кривични дела, обвинителството презема дејствија, меѓу кои е и испратена Наредба до Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување.

280 total views, 1 views today