Основното јавно обвинителство – Гостивар нареди обдукција на тело во распаѓање пронајдено на падините на Бистра

Скопје, 28 Јули 2016

Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, пронајден во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари. Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје.

Првичните сознанија упатуваат дека починатото лице е еден од двајцата исчезнати - татко и син по кои се трагаше во изминатиот период на падините на Бистра. Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта.

391 total views, 1 views today