По предлог на надлежен обвинител, притвор за лице осомничено за полов напад врз дете во с. Заполжани

Скопје, 29 Јули 2016

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, судија на претходна постапка од Основниот суд – Прилеп денеска му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лице осомничено за сторени две кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и за Силување.

Осомничениот, 51-годишен жител на селото Заполжани се товари дека во повеќе наврати во периодот од 2012 до 2016 година извршил полови дејствија врз две малолетни девојчиња во ова село, притоа употребувајќи сила и сериозни закани за да ги спречи да го пријават.

11 total views, 1 views today