Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид во Средорек, каде беше убиен полицаец

Скопје, 31 Јули 2016

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово синоќа изврши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили.

Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот, 36-годишниот Г.С., починал. Веднаш по увидот на лице место, надлежниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатото лице и за вештачење на трагите и материјалните докази пронајдени на самото место.

Напаѓачот е приведен веднаш по инцидентот. Станува збор за лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување. Последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25.07.2016 година, на барање на неговиот татко. За напаѓачот, надлежен јавен обвинител ќе предложи мерка притвор.

380 total views, 1 views today