Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајната несреќа во Кисела Вода

Скопје, 01 Август 2016

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде Наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот, 22-годишниот С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи на 27.07.2016 година во Кисела Вода.

Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.

395 total views, 1 views today