Основното јавно обвинителство – Делчево на увид кај акумулацијата Калиманци

Скопје, 04 Август 2016

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Делчево и натаму врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци, каде вчера беше пронајдено телото на една жена. По наредба на јавниот обвинител, врз пронајденото тело е извршена обдукција.

Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од с. Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но се уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото.

Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта.

568 total views, 2 views today