Две лица осомничени за сообраќајната несреќа кај Удово

Скопје, 04 Август 2016

Основното јавно обвинителство – Гевгелија започна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово.

Надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави Предлог за определување мерка-притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С., државјанин на Р.Србија, додека за 60-годишниот Ѓ.В., македонски државјанин, се предложени други мерки за претпазливост.

Двајцата осомничени се сослушани од страна на надлежен обвинител, а со анализа на доказите треба да се утврди точната одговорност за предизвикување на сообраќајната несреќа.

504 total views, 1 views today