Пронајдени сите шест тела од починатите патници од паднатиот авион

Скопје, 07 Септември 2016

Увидните екипи кои се наоѓаат на местото каде вчера во попладневните часови се урна авион ги пронајдоа сите шест тела од починатите патници. Станува збор за пет мажи и една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина  каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител  ќе следи постапка за идентификација.

372 total views, 1 views today