Остатоците од урнатиот авион се подигаат и пренесуваат за натамошно вештачење

Скопје, 08 Септември 2016

Во тек на вчерашниот ден заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на с. Кожле,  скопско. Во вечерните часови се изготвени  снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на Јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа.

Во тек на вчерашниот ден во Институтот за судска медицина  се пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на Јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.

Денеска на местото на настанот екипите работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.

Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

304 total views, 1 views today