Билатерална средба меѓу главните обвинители на Македонија и Албанија

Скопје, 27 Септември 2016

14393332_1253400488023545_469395113_o
Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска во Тирана оствари средба со Главниот обвинител на Албанија г. Адриатик Лала, на која стана збор за проширување на натамошната соработка, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат обвинителствата во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На средбата, одржана по покана на албанскиот колега, г. Зврлевски се сретна и со г. Коле Хусенај, шеф на обвинителството во Корча и г-ѓа Ирма Балли, јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Корча.

14455726_1253401371356790_1841557140_o

14489668_1253401451356782_153562636_o

421 total views, 1 views today