Средба на Јавниот обвинител на Република Македонија со шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Скопје, 28 Септември 2016

IMG_20160928_153914Јавниот обвинител на Република Македонија, г-динот Марко Зврлевски попладнево оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар.

На средбата од протоколарен карактер се разговараше за поставеноста и функционирањето на Јавното обвинителство, како орган надлежен за спречување и борба против криминалот.

473 total views, 1 views today