Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Прилеп склучи спогодба со обвинет за обљуба врз немоќно лице за шест годишна казна затвор

По завршената истражна постапка против А.Ќ. од Прилеп обвинет за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп склучи Предлог-спогодба со обвинетиот со која се спогодуваат обвинетиот да му биде изречена казна затвор во траење од шест години.

Судијата на претходна постапка ја прифати поднесената Предлог-спогодба и донесе пресуда со која на обвинетиот му ја изрече предложената казна затвор. Со истата пресуда до започнување со издржување на казната се продолжува определениот притвор против осудениот.

Настанот за кој е изречена Пресудата врз основа на спогодба се случи во јули годинава, кога осудениот злоупотребувајќи го заостанатиот душевен развој на оштетената извршил обљуба. Тој со неговото возило ја следел оштетената која се движела пеш и ѝ понудил да влезе во неговото возило. Откако бил одбиен, обвинетиот насилно ја внел во возилото, ја однел надвор од градот и го сторил кривичното дело. По настанот на сега осуденото лице му беше определена мерка притвор.​