Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на местото на несреќата кај с. Петралица

Скопје, 02 Декември 2016

Синоќа околу 20.10 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово кај с. Петралица се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет и три годишен жител на с. Гиновци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово излезе на увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција, за земање на крв и урина од возачот на автобусот и за одземање на тахографска лента.

До несреќата дошло кога автобус со бугарски регистарски таблички кој редовно сообраќал на линијата Софија- Скопје- Софија, возејќи во правец кон Куманово удрил во пешакот кој се движел во истата коловозна лента и во ист правец како автобусот.

Возачот е задржан и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка кој на предлог на јавниот обвинител ќе му одреди соодветни мерки, за што јавноста навремено ќе биде информирана.

455 total views, 1 views today