Основното јавно обвинителство – Куманово​ поднесе Обвинителен акт за убиството во кругот на Црквата „Св. Мина“

Скопје, 27 Декември 2016

Основното јавно обвинителство -Куманово поднесе Обвинителен акт против лицето Д.Д. за сторено кривично дело – Убиство од чл. 123 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 26 јуни годинава со умисла го лишил од живот сега починатиот Б.И.

Настанот се случил кога по посета на ноќен клуб, обвинетиот и жртвата се упатиле кон кумановската населба Вера Которка , во кругот на Црквата “Св. Мина”. Додека меѓусебе разговарале, обвинетиот му пришол од зад грб на сега починатиот кој седел на клупа во близина на бунар, извадил огнено оружје – пиштол марка “Црвена застава” и од непосредна близина на растојание од 2 см, испукал еден куршум во левиот тилен дел на главата на сега покојниот. Нанесената прострелна рана предизвикала фатални повреди поради што настапила смртта. Обвинетиот потоа го фрлил телото на починатиот во блискиот бунар и го напуштил местото на настанот.

По спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово ги прибра сите материјални и вербални докази во предметот и до Основниот суд – Куманово го достави обвинението. При тоа, поднесен е и Предлог за продолжување на мерката – притвор за обвинетиот.

270 total views, 2 views today