Основното јавно обвинителство – Прилеп го истражува убиството во с.Свето Митрани, крушевско

Скопје, 03 Февруари 2017

Денеска околу 8,25 во с.Свето Митрани-Крушево случено е убиство на 44 годишен жител на селото. Телото на убиениот е пронајдено во продавница со две прострелни рани во пределот на градниот кош. Настанот е пријавен во МВР ПС Крушево, за истиот е известен дежурниот јавен обвинител кој изврши увид на местото на настанот заедно со увидна екипа од МВР ПС Прилеп. Осомничено лице е задржано и лишено од слобода.

Основното јавно обвинителство – Прилеп во насока на расветлување на настанот издаде наредби за обезбедување и подигање на траги од местото на настанот, фотографирање, земање на парафинска ракавица од рацете на починатиот и осомниченото лице, како и за вршење на лекарски преглед на осомниченото лице. Издадена е и наредба за балистичко вештачење на пронајденото оружје, како и на трите чаури пронајдени и подигнати од местото на настанот. Издадена е и наредба за обдукција врз телото на починатиот за утврдување на причините за смртта.

226 total views, 2 views today