СООПШТЕНИЕ

Скопје, 19 Февруари 2017

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична дрога – кокаин, пронајдена кај дел од нив при личните претреси и претресите во нивните домови. Кај двајца од осомничените е пронајден и различен вид на муниција што неовластено ја држеле, поради што против нив се води постапка и за сторено кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

По преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци,  за сите осомничени се обезбедени материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела.

Од тие причини, а поради постоење на законските основи, како и заради  избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка до Основниот суд Скопје 1 Скопје  поднесен е предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на осомничените.

188 total views, 1 views today