Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и Предлог за одредување на мерка Притвор против тројца државјани на Република Франција

На ден 7.08.2014 година, на граничниот премин Деве Баир, при контрола на тројца државјани на Република Франција на излез од Република Македонија, од страна на овластени службени лица од Царинската управа на Република Македонија, пронајдена е наркотична дрога.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија, дека како соизвршители сториле кривичнo делo – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в.со чл.22 од Кривичниот законик, Основното jавно обвинителство – Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка.

По извршениот распит на осомничените во координација со други надлежни органи, надлежното јавно обвинителство, до судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово, поднесе Предлог за определување на мерка Притвор.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА