Соопштенија

Поднесено обвинение против лице кое фалсификувало исправи

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение против едно лице за сторени кривични дека  – Фалсификување исправа од член 378 и – Изработување и набавување на оружја и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 од Кривичниот законик.

Лицето се товари дека со умисла извршило повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – Фалсификување на исправа. Имено, во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина и тоа, лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од  државни и јавни  институции од државата.  Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и  странци, како вистинити во правниот промет во Република Македонија и во странство.

По предлог од надлежен јавен обвинител, судечки судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе Решение со кое на обвинетиот му ја продолжи мерката притвор.