Фатен разбојник со граѓанско апсење

Скопје, 20 Јули 2017

Разбојникот на еден од градските пазари во Скопје, нападнал осумдесет годишна жена обидувајќи се да и го одземе паричникот. При тоа, осомничениот ја турнал оштетената и ја влечел по бетонот, по што се дал во бегство. Од страна на граѓанин – очевидец на настанот, разбојникот бил совладан и согласно закон, присилно задржан се до доаѓање на полицијата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Ценејќи дека има околности што укажуваат дека осомничениот може да го повтори делото или да се даде во бегство, јавниот обвинител поднесе до судот и Предлог за определување на мерка – Притвор. Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.

87 total views, 1 views today