Основното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

Скопје, 10 Октомври 2017

Основното јавно обвинителство Охрид го доби Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид. Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.

Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

84 total views, 1 views today