Основното јавно обвинителство Скопје истражува пронајдена дрога во Арачиново

Скопје, 09 Јануари 2018

Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, извршија претрес на дом и други простории во скопско Арачиново, поради сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори казниво согласно чл.215 од Кривичниот законик на РМ.

Имено, на 08.01.2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на издадена Наредба за претрес,  извршен е претрес во домот и другите простории кај две лица, при што се пронајдени различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги.

По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи се предадени на вештачење на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.

494 total views, 2 views today