Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас отвори постапка за Загадување на животната средина и природата

Скопје, 12 Јануари 2018

По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за  кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик.

Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации.

651 total views, 1 views today