Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво

Скопје, 25 Јануари 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво.

Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите.

235 total views, 1 views today