Притвор за бугарски државјанин осомничен за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори

Скопје, 26 Јануари 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово постапувајќи по поднесената кривична пријава донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против државјанин на Република Бугарија. Постапката против осомничениот од страна на обвинителството е за кривичнoто делo – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори од чл.215 став 1 од КЗ.

На 25.01.2018 година, околу 00,15 часот, на ГП Табановце, на излез од Република Македонија, за влез во Република Србија при контрола на патничко моторно возило “Пежо” 807 со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на  возилото до задните седишта. Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама, била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.

Имајќи ги во предвид околностите, како и тежината на кривичното дело и запретената казна, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесен е Предлог за определување мерка притвор која е прифатена и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена.

203 total views, 1 views today