Основното јавно обвинителство Скопје ја расветлува смртта на родилката

Скопје, 01 Февруари 2018

Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредби за прибирање на потребната документација и податоци. По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.

213 total views, 1 views today