Основното јавно обвинителство Охрид врши увид на местото на пожарот во кој утринава почина едно лице

Скопје, 12 Февруари 2018

По пријава од сосед за пожар на булевар „Туристичка“ во Охрид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба, притоа е констатирано дека има починато лице – жена на возраст од седумдесет и една година која живеела сама во станот.

Во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење. Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника. Основното јавно обвинителство Охрид издаде и Наредба за вршење на обдукција над телото на починатата.

188 total views, 1 views today