Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско

Скопје, 28 Февруари 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско во која животот го загуби едно лице.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го загубил возачот на такси-возилото, додека неговите две сопатнички со тешки телесни повреди се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник не се повредени и со нив веднаш разговарал надлежен јавен обвинител.

Со цел утврдување на причините за несреќата, издадена е Наредба за обдукција на телото на починатиот, прибрани се сите траги и материјални докази од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно вештачење.

144 total views, 2 views today